Нголо Канте стана еден од најомилените фудбалери на светот, но неговите соиграчи открија една негова „голема“ маана.
Со својата пожртвуваност на теренот, скрмоноста и ведриот дух надвор од теренот „купи“ многу љубители на фудбалот ширум светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Својот карактер го покажа и кога одби платата од Челзи да ја прима преку оф-шор компанија и регуларно си плаќа данок од 1 милион евра.
Сепак, Канте е човек како и сите останати, а Вилијан и Давид Луиз открија која е неговата најголема маана.
„Кога треба да ја плати сметката Нголо ја прави онаа негова фаца и вели ’о, не’. Дури и кога пред сите ќе го прашаме да плати тој не сака“, откриваат Бразилците, а видеото можете да го видете ОВДЕ.
Канте наскоро ќе потпише нов договор според кој ќе заработува 17 милиони евра по сезона, па можеби тогаш ќе се реши да почести.