Дома Топ вести Соиграчите му го спасиле животот на Торес: Мадрид ги слави хероите Габи и Врсаљко!

Соиграчите му го спасиле животот на Торес: Мадрид ги слави хероите Габи и Врсаљко!

Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи и хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко се најзаслужни за спасувањето на Фернандо Торес кој вчера стравично се повреди на дуелот против Депортиво.

Тие не дозволија напаѓачот да си го проголта јазикот, а нивната спретна реакција ја пофали докторот на Депортиво, Карлос Ларињо кој прв му даде помош на Шпанецот долу на теренот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Она што Габи и Врсаљко го направија е клучно, реагираа брзо и спретно. Завршија одлична работа. Габи бил гризнат додека се обидувал да му го извади јазикот“, истакна докторот.

Утрово и самиот Фернандо се огласи преку Твитер благодарејќи им на сите за поддршката, а навивачите на „јорганџиите“ преку социјалните мрежи им заблагодаруваат на Габи и Врсаљко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола ja прекина неверојатната серија на Ливерпул (Фото)

Пеп Гвардиола на својата 1000-та натпреварувачка средба го совлада Ливерпул со 3:0 и со то…