Лука Модриќ не престанува да биде главна тема во медиумите во Шпанија и Италија.
Позната е неговата желба да премине во Интер, но јасно е дека Флорентино Перез не сака да изгуби уште еден важен фудбалер после заминувањето на Кристиано Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации Хрватот ќе биде во составот на Реал Мадрид за утрешниот натпревар против Атлетико во Суперкупот на Европа.
Тоа им ја отежнува работата бидејќи до крајот на преодниот рок во Италија остануваат уште неколку дена, но се надеваат на желбата на 32 годишниот играч за врска.
Зборовите на агентот на Модриќ и тоа како ги охрабруваат „нероаѕурите“.
„Кристиано Роналдо има големо влијание на италијанскиот фудбал, тоа се гледа и во фактот што Интер се обидува да го доведе Модриќ, но и поради тоа што тој размислува за такво нешто. Лука сака да биде ѕвезда во Серија А и мислам дека кога-тогаш ќе игра во Италија. Тоа го мислам бидејќи како и многу Хрвати и тој растеше гледајќи го италијанскиот фудбал“, изјави агентот на фудбалерот за „Тутоспорт“.