Дома Фудбал Италија Случајот не е завршен, се огласи и фудбалерот кој беше плукнат од Коста!

Случајот не е завршен, се огласи и фудбалерот кој беше плукнат од Коста!

costa di francesko

Mногу прашина во Италија се „крена“ после инцидентот помеѓу Даглас Коста и Федерико Ди Франческо.

Бразилецот го плукна Италијанецот, а потоа се појавија толкувања на медиумите на Апенините дека потегот на Коста бил такво затоа што Ди Франческо расистички го навредил Бразилецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега во јавноста се огласи фудбалерот на Сасуоло и тврди дека таквите пишувања немаат врска со вистината. Сасуоло на својот Твитер профил постави изјава од Ди Франческо.

„Длабоко сум загрижен поради тврдењата и лажните вести кои се појавија во мојата земја. Сето ова е навредливо и погрдно. Тоа е резултат на фантазирањето на луѓето. Барам и сакам да бидам почитуван“, изјави Ди Франчесо.

Во текот на натпреварот во кој Јувентус славеше со 2:1, Коста и Ди Франческо имаа неколку дуели, а се кулминираше со споменатата ситуација.

Бразилецот беше исклучен после прегледувањето од ВАР и сега ја чека дополнителната казна, а сојузот сигурно дека ќе ги истражува и зборовите на Ди Франческо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…