Бразилската ѕвезда на Барселона, Филипе Кутињо синоќа одигра многу лош натпревар и се најде на мета на критичарите.
Најскапото засилување во историјата на Барселона ја загуби топката точно 17 пати и остави впечаток дека игра без мотив и желба. Според каталонските медиуми ситуацијата со Кутињо ја „подели“ соблекувалната на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кутињо не е на нивото од минатата сезона и Дембеле се позиционира повисоко од него“, изјави помошникот на Валверде, Јон Аспиасу.
Според „Кадена Копе“, агентите на Кутињо, Киа Јорабчијан и Џулиано Бертолучи веќе стапиле во контакт со шефовите на клубот за да го изразат своето незадоволство. Раководството исто така е незадоволено што Бразилецот не игра редовоно, а беше платен 160 милиони евра.
Во моментов тренерот Валверде претпочита да игра со тројца фудалери во средниот ред, а предност им дава на Артуро Видал и Артур. Додека во нападот за Кутињо нема место бидејќи во моментов одлично функционира триото Меси, Суарез и Дембеле.