Предраг Мијатовиќ, поранешниот југословенски репрезентативец и истакнат член на Партизан и Реал Мадрид во Шпанија е казнет поради пропусти во финансиските извештаи.
Имено, поранешниот фудбалер, но и спортски директор во Шпанија доби казна од Даночната управа бидејќи не ги пријавувал парите кои ги добивал од агентот. Како што пренесува шпанскиот „Периодико“, тие пари Мијатовиќ ги префрлал на сметка во Луксмебург.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради прикажувањето на неточни информации за средствата кои ги има на располагање и кои ги користел, Мијатовиќ е санкционар уште 22-ри декември 2023 година.
Тогаш е донеснеа пресуда од Врховниот суд во Мадрид, меѓутоа „Периодик“ дури сега дојде до овие информации и ги објави во јавноста. Наводно, Мијатовиќ на име на позајмица се стекнал со милион евра од две швајцарски фирми во негова сопственост. Тие пари не биле прикажани во Шпанија и властите ништо не знаеле.
Од тие пари Мијатовиќ купил вила во богатиот дел на Мадрид. Како казна ќе мора да плати 285.000 евра.