Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е најголем фаворит за освојување на Златната топка по избор на Франс Фудбал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Играчот на мадридски Реал веќе ја освои наградата за најдобар на светот по избор на ФИФА, но наградата која најмногу се цени е Златната топка на Франс Фудбал.
Модриќ е фаворит, а иако тивко се споменува и некои други играчи, за легендарниот фудбалер Предраг Мијатовиќ, дилеми нема- најдобар е Лука.
„Имаше фантастична сезона. Ја освои ЛШ, ја предводеше Хрватска до финалето на СП. Тој е играч на годината и верувам дека ќе ја освои Златната топка. Не гледам друг играч кој може да се спореди со него. Оваа година Златната топка има само едно име – Лука Модриќ.“ – изјави Мијатовиќ.
Модриќ ја прекина низата на Роналдо и Меси во изборот за најдобар според ФИФА, а ќе видиме што ќе каже на 3. декември Франс Фудбал.