Дома Фудбал Останато Скоро цела Европа ги прекина првенствата, но не и Турците: Големото турско дерби пред полн стадион!

Скоро цела Европа ги прекина првенствата, но не и Турците: Големото турско дерби пред полн стадион!

Во најголемиот дел од Европа владее голема загриженост поради коронавирусот, меѓутоа во Турција тоа не е случај.

Многу фудбалски федерации, помеѓу кои беше и нашата се одлучија да ги прекинат националните првенства откако претходно натпреварите се играа пред празни трибини, меѓутоа во Турција изгледа не се премногу загрижени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во текот на вчерашниот ден во Турција беше потврден првиот случај на коронавирус и на граѓаните веројатно не им сеедно. Низ земјата се спроведуваат мерки на претпазливост со тоа што низ турските аеродроми беа инсталирани термички камери со цел да ги идентификуваат потенцијално заразените.

Фудбалското првенство во Труција ќе продолжи по закажаниот распоред, а потврдено е и дека дербито помеѓу Галатасарај и Бешикташ во недела ќе се игра со публика.

„Големото дерби помеѓу Галатасарај и Бешикташ ќе се игра пред навивачи. Ги превземавме сите мерки на претпазливост“, изјави Никат Оздемир, првиот човек на Фудбалската федерација на Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…