Дома Фудбал Останато Сколс: Ми беше срам да го славам трофејот во ЛШ

Сколс: Ми беше срам да го славам трофејот во ЛШ

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс призна дека му било срам да ја слави титулата во Лигата на шампионите во 1999 година.

Во финалето за паметење помеѓу Јунајтед и Баерн „црвените ѓаволи“ со два гола во продолжението дојда до титулата шампиони на Европа. Пол Сколс не играше во ова финале поради суспензија, баш како и Рој Кин, но се појавија на теренот на прославата на трофејот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сколс сега тврди дека не се чувстувал како дел од тимот во тие моменти.

„Не се чувствуваш како дел од екипата. Некои луѓе зборуваат дека тоа е чудно чувство затоа што сепак си одиграл 15-16 натпревари за тимот да стигне до таму. Но, ти си на трибините и немаш контрола над она што се случува на теренот. Немаш никакво влијание. Се симнавме на теренот, но искрено ми беше малку срам“, изјави Сколс.

Легендарниот фудбалер девет години подоцна играше финале во ЛШ во кое Јунајтед го совлада Челзи и тоа му беше втор трофеј во најелитното европско натпреварување во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…