Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, ќе остане запаметен по тоа што во 2012. година се врати од пензија на повик од Сер Алекс Фергусон.
Сколс пред тоа после успешната кариера одлучи да ги закачи копачките, но набрзо после тоа се врати на терените. Тој едноставно не можеше да го одбие повикот на Фергусон, на кој тогаш му беше потребен искусен играч, а на теренот се врати пред дербито против Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што првиот натпревар после враќањето го одигра во копачки кои чинеле околу 50 фунти. Тоа морал да го направи бидејќи имал спонзорски договор, а Најк не се јавиле бидејќи во Јунајтед во тајност се чувала веста дека се враќа Сколс.
„Тренирав можеби еднаш со екипата пред да се вратам во 2012. година. Тоа беше во јануари пред натпреварот со Сити. Се сеќавам дека купив ефтини кошачки од 50 фунти бидејќи тогаш немав спонзор. Најк не ги известивме бидејќи знаевме дека тогаш сите ќе знаеја за моето враќање. Дури и играчите се изненадија бидејќи Фергусон не им кажал. На ден пред натпреварот бев на тренинг и на никој не му беше јасно што се случува.“