Лионел Меси во понеделникот ја освои наградата од ФИФА за најдобар фудбалер во светот и така го наследи Лука Модриќ.
Меѓутоа откако ФИФА како и секоја година објави кој за кого гласал започнаа да се појавуваат луѓе кои тврдат дека не гласале како што запишале во ФИФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Први се побунија од Египет и тоа откако драма направи Мохамед Салах, незадоволен од фактот што од неговата земја не гласале за него за најдобар играч, односно не му дале максимални пет поени, туку го избрале Меси. Од Фудбалската федерација на Египет веднаш реагираа и истакнаа дека капитенот и селекторот на нивната репрезентација гласале за својот сонародник и побараа од ФИФА детален извештај и објаснување за целата ситуација.
Сега се огласи и Хрватот Здравко Логарушиќ кој е селектор на Судан. Тој објави фотографија на која се гледа дека гласал за Салах, Мане и Мбапе. ФИФА објави дека Логарушиќ гласал за Меси, Ван Дајк и Мане.
„Го фотографираф листот со потпис на адвокатот на Фудбалскиот сојуз на Судан. Не знам што се случило понатаму“, изјави Логарушиќ.
Sudan's Head Couch Zdravko Logarušić accused FIFA of changing his votes on The Best award, as they changed his vote for Salah, Mane, Mbappe, to Messi, Van Dijk, Mane. Probably happens to quite a few people but they don’t notice. @FIFAcom? pic.twitter.com/PKUOgMxM5o
— Zeus (@KeylorinhoW) September 25, 2019
Потоа се побуни и капитенот на репрезентацијата на Никарагва, Хуан Барера, кој тврди дека не го искористил правото да гласа бидејќи не го добил неопходниот материјал од страна на ФИФА, а федерацијата објави дека гласал за Меси.
„Не гласав за Меси во категоријата за најдобар фудбалер. Бев изненаден кога се видов на листата на капитени кои гласале за Меси. ФИФА наведе дека ми пратила материјал за гласање на својот меил, но јас никогаш не го добив, така што не бев во можност да гласам“, изјави Барера.
Овие обвинувања се многу сериозни и дефинитивно фрлаат сомнеж во регуларноста за изборот на Лионел Меси.