Дома Офсајд Скандал на Островот: Бекот на Сити ни порачуваше да седиме дома, а тој се забавувал со „лесни девојки“

Скандал на Островот: Бекот на Сити ни порачуваше да седиме дома, а тој се забавувал со „лесни девојки“

Кајл Вокер е најскапиот десен бек во светот, а истовремено важи и за еден од најнепримерните фудбалери, тоа уште еднаш го потврди со скандалот кој денес се појави во англиската јавност.

Вокер изнајмил куќа за 8.000 фунти во која имал забава со проститутки. Медиумите на Островот дојдоа до една од проститутките која била најмена да дојде на закажаното место. Девојката се вика Луис Мекнамара и има 21 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Член сум на агенција во Манчестер. Одговорниот ме повика и ми порача дека клиент од висока класа бара друштво. Кога отидов таму имаше уште една девојка. Бевме пречекани, а Кајл го познав веднаш“, раскажал Мекнамара.

Вокер во куќата бил со уште еден пријател, па тие четворица се забавувале четири часа.

За поголем срам на Вокер во средата објави и видео во кое порачува да се седи дома, тоа било само неколку часа подоцна откако тој се забавувал во изнајмениот стан.

View this post on Instagram

?? #StayHomeSaveLives

A post shared by Kyle Walker (@kylewalker2) on

Откако целата приказна дојде до медиумите Вокер испрати јавно извинување.

„Сакам да се извинам за она што го направив. Се извинувам на семејството, пријателите и клубот кои ги изневерив. Моите постапки беа спротивни на она што требаше да го направам“, гласеше дел од извинувањето на Вокер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Ќерката на Луис Енрике го остави Феран Торес, па си „фати“ негов соиграч

Сирa Мартинез е светска шампионка во јавање на младинско ниво, има 23 години и е фасцинира…