Кајл Вокер е најскапиот десен бек во светот, а истовремено важи и за еден од најнепримерните фудбалери, тоа уште еднаш го потврди со скандалот кој денес се појави во англиската јавност.
Вокер изнајмил куќа за 8.000 фунти во која имал забава со проститутки. Медиумите на Островот дојдоа до една од проститутките која била најмена да дојде на закажаното место. Девојката се вика Луис Мекнамара и има 21 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Член сум на агенција во Манчестер. Одговорниот ме повика и ми порача дека клиент од висока класа бара друштво. Кога отидов таму имаше уште една девојка. Бевме пречекани, а Кајл го познав веднаш“, раскажал Мекнамара.
Вокер во куќата бил со уште еден пријател, па тие четворица се забавувале четири часа.
За поголем срам на Вокер во средата објави и видео во кое порачува да се седи дома, тоа било само неколку часа подоцна откако тој се забавувал во изнајмениот стан.
Откако целата приказна дојде до медиумите Вокер испрати јавно извинување.
„Сакам да се извинам за она што го направив. Се извинувам на семејството, пријателите и клубот кои ги изневерив. Моите постапки беа спротивни на она што требаше да го направам“, гласеше дел од извинувањето на Вокер.