Дома Останати Ракомет Скандал: Во неделата освои европско злато, а сега заврши во притвор за силување

Скандал: Во неделата освои европско злато, а сега заврши во притвор за силување

Францускиот ракометар Беноа Конкуд кој во неделата го прослави златниот медал на Европското првенство заврши во притвор поради обид за силување во ноќен клуб.

Конкунд беше дел од одличната француска репрезентација која пред неколку дена го освои европското злато со победа над Данска во финалето.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Доцна во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот францускиот репрезентација во алкохолизирана состојба наводно соблекол и сексуално нападнал млада девојка“, објави „Л’Екип“.

Конкуд е ракометар на полскиот Киелце, а бил запрен од обезбедувањето во клубот кое го задржало до пристигнувањето на полицијата. Според информацијата девојката која била жртва имала 20 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Maнасков брутално искрен: Нема да играм за Македонија поради Лазаров!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма, о…