Дома Фудбал Италија Скандал во Италија: Отворена истрага против првиот човек на Фудбалскиот сојуз!

Скандал во Италија: Отворена истрага против првиот човек на Фудбалскиот сојуз!

Римското обвинителство води истрага против претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина поради наводна проневера и перење на пари поврзани со ТВ правата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гравина кој доброволно се сретнал со обвинителите ги негира обвиненијата. Имено, тој е обвинет дека противзаконски користел пари од продажбата на ТВ правата во 2018 година кога ја водеше третата дивизија.

„Баравме сослушување и предадовме документација за да покажеме дека нашиот клиент е невин. Се рачиствивме и сигурни сме дека вистината набрзо ќе излезе на виделина“, соопштија адвокатите на Гравина.

Гравина на чело на италијанскиот Фудбалски сојуз е од 2018 година, а во април 2021 е избран во извршниот комитет на УЕФА со функција на потпретседател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Oвие снимки ги загрижија Французите: Што се случува меѓу Канте и Мбапе? (Видео)

Светското првенство уште не започнало, а француската репрезентација веќе е под лупа поради…