Дома Фудбал Италија Скандал во Италија: Главниот обвинител јавно зборува дека навива за Наполи и го мрази Јувентус!

Скандал во Италија: Главниот обвинител јавно зборува дека навива за Наполи и го мрази Јувентус!

Јувентус во последниот период е во центарот на вниманието во Италија поради одземените 15 бодови како казна за финансиските малверзации, но и најавите за нови можни казни.

„Старата дама“ во официјалниот извештај сокрила три плати на фудбалерите и во овие моменти се чека исходот од дополнителната истрага, па не е исклучена можноста Јувентус да биде дополнително казнет.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа додека тоа се чека бура предизвика еден од главните обвинители во случајот кој признава дека е навивач на Наполи го мрази Јувентус. Станува збор за Чиро Санториело кој во 2019 година на видео конференција зборува:

„Признавам, голем навивач сум на Наполи го мразам Јувентус.

На социјалните мрежи се појави и друго видео во кое водителот на настанот зборува.

„Постојат разлики помеѓу нас, ти си обвинител, јас адвокат, ти навивач за Наполи, јас за Интер“.

На сето тоа Санториело одговара:

„Се е добро додека не е во прашање Јувентус“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…