Обложувачкиот скандал во италијанскиот фудбал е се поголем и постојано се појавуваат нови имиња на фудбалери кои се вмешани со нелегално обложување.
Се почна од Николо Фаџоли од Јувентус, кој призна дека се обложувал, а за тоа знаел и Леонардо Бонучи, кој ова лето после неколку години ја напушти „старата дама“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова било откриено откако биле преземани телефоните и таблетите на Фаџоли, каде што биле пронајдени разговори со кои се потврдува дека постоеле луѓе кои биле свесни за проблемот.
Во моментов се води голема истрага, по која ќе биде познато дали Фаџоли и останатите лица вмешани во скандалот ќе добијат суспензии.
Италијанските медиуми тврдат дека Фаџоли на сослушувањата потврдил сѐ, бидејќи се надева дека со признавањето на вината ќе постигне добар договор и ќе добие полесна казна.