Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака е блиску до трансфер во Пари Сент Жермен, пренесуваат медиумите на Апенините.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според италијанските медиуми, „светците“ испратиле официјална понуда до Сасуоло за напаѓачот кој оваа сезона во Серија А постигна 16 гола на 38 натпревари.




Скамака е голема желба на новиот спортски директор на ПСЖ, Кампос и испратил понуда од 40 милиони евра плус бонуси.




Сасуоло за слободата на напаѓачот бара 45 милиони евра, но двата клуба постигнале начелен договор и трансферот би требало да се комплетира во следните денови.
🚨 Gianluca Scamacca 🔜 PSG ⌛ https://t.co/52YDATSZ2N pic.twitter.com/Pg34LvKFQC
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) July 4, 2022