Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони не ја исклучува можноста Лионел Меси да учествува на Светското првенство 2026 година.
Меси има 35 години и сигурно ќе му биде тешко да истане на врвот, меѓутоа соиграчите како и селекторот Скалони се надеваат дека ќе биде достапен и за СП во САД, Мексико и Канада.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мислам дека Меси може да стигне до следното Светско првенство. Многу ќе зависи од тоа што сака, од тоа дали се чувствува добро. Вратите секогаш ќе бидат отворени. Но, тој е среќен на теренот и би било многу убаво за нас“, порача Скалони.
Меси ја однесе Аргентина до врвот на светот на Мундијалот во Катар, а тоа беше негов 5-ти настап на Светските првенства.