Манчестер Сити е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат италијанските медиуми.
22-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола е „заљубен“ во играта на Леао и смета дека идеално би се вклопил во неговиот стил на игра бидејќи може да игра на повеќе позиции во нападот.
„Граѓаните“ спремаат богата понуда и веќе стапиле во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш. Тешко дека ќе го убедат Милан да го пушти својот „бисер“. „Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ се во напредни преговори со неговиот агент за продолжување на соработката до 2026 година со тројно поголема плата.
Меѓутоа, тоа нема да го премисли Сити кој е спремен на лето да испрати понуда тешка 70 милиони евра за потписот на Леао.
#ManchesterCity are really interested in Rafa #Leao. Opened talks with his agent Jorge Mendes, but #ACMilan would not want to sell him and ask €70M at least. #Rossoneri have offered the contract extension until 2026 with an increase in salary (€4,5M/year). #transfers #MCFC
— Nicolò Schira (@NicoSchira) April 18, 2022