Манчестер Сити не се откажува од намерата да го донесе Хари Кејн и спреми нова понуда.
Англиските медиуми откриваат дека Кејн веќе се договорил со „граѓаните“ и во наредните пет години на „Етихад“ ќе заработува 16 милиони фунти по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити и Тотенхем ги започнаа преговорите, но тие не се одвиваат глатко. „Спарси“ ја одбија првата понуда од „граѓаните“ и порачаа дека нема да го пуштат напаѓачот за помалку од 180 милиони евра.
Медиумите на Островот тврдат дека Сити во наредните денови ќе испрати нова понуда од 150 милиони евра и верува дека Тотенхем ќе ја прифати бидејќи самиот Кејн прави притисок за трансфер.
Тотенхем веќе почна да бара замена за напаѓачот и спреми понуда од 60 милиони евра за ѕвездата на Фиорентина, Душан Влаховиќ.