Англиските премиерлигаши Манчестер Сити и Тотенхем вечерва одигра подготвителен натпревар во САД, во кој славеше тимот на Пеп Гвардиола со резултат 3:0.
„Граѓаните“ беа подобар противник во текот на целиот натпревар, посебно тоа беше забележително во првиот дел. И Тотенхем и Манчестер Сити започнаа со релативно силни состави, во редовите на „граѓаните“ шанса добија новајлиите, Едерсон, Кајл Вокер и Данило.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Првиот гол на средбата беше дело на дефанзивецот Стоунс кој најдобро се снајде во шеснаесетникот на „петлите“ после еден изведен прекин. На вториот погодок чекавме дури до 74 минута од средбата, а го постигна Рахим Стерлинг. Конечните 3:0 ги постави Диаз во финишот од средбата.
Во продолжение погледнете ги погодоците од средбата.