Лајпциг игра фантастична сезона, но на лето веројатно ќе остане без неколку ѕвезди. Најсилен интерес европските гиганти покажуваат кон Дајот Упамекано и на лето се очекува голема борба за неговиот потпис.
Овој 21-годишен дефанзивец важи за еден од најперспективните во Европа и интересот за него е огромен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат клубовите од Манчестер, кои нема да жалаат пари за потписот на Упамекано.
Германските медиуми тврдат дека младиот Французин веќе побарал трансфер и сака на лето да ја промени средината.
Неговиот договор истекува во 2021 година, па ова лето е последна шанса Лајпциг да заработи на неговото заминување, а за неговата слобода бараат помеѓу 50 и 60 милиони евра.