Медиумите на Островот потврдија дека трансферот на Џек Грилиш во Манчестер Сити е пред реализација и ќе биде официјализиран денес.
„Скај Спорт“ објави дека Манчестер Сити за потписот на англискиот репрезентативец понудил 117 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Астон Вила ја прифати оваа понуда, а последните информации се дека Грилиш е веќе во Манчестер и денес ќе го комплетира трансферот на „Етихад“.
Овој трансфер ќе биде најголемиот во историјата на англискиот фудбал. Досегашниот рекорд го држи Пол Погба кој при доаѓањето во Јунајтедо Јувентус беше платен 94,5 милиони фунти.