Дома Фудбал Италија Сите очекуваа отказ, а Малдини застана во одбрана на Џампаоло

Сите очекуваа отказ, а Малдини застана во одбрана на Џампаоло

Милан го има еден од најлошите стартови во својатан историја и синоќа го запиша четвртиот пораз после само шест одиграни кола.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тоа на „росонерите“ им се случило само еднаш и тоа во далечната 1938 година, па ситуацијата на „Сан Сиро“ е алармантна.

Синоќа после дебаклот против Фиорентина навивачите почнаа да протестираат, па се очекуваше дека раководството ќе му врачи отказ на тренерот Џанмпаоло.

Меѓутоа, директорот Паоло Малдини после мечот иако искажа загриженост за ситуацијата, сепак застана во одбрана на тренерот.

„Го избравме тренерот и ќе стоиме зад него, фер е да му дадеме повеќе време. Знаевме дека ќе се соочиме со потешкотии, иако не очекувавме да бидеме поразени на четири од првите шест натпревари, но и квалитетот на фудбалот кој е прикажан не е задоволителен“, истакна Малдини.

„Во моментот може да изгледа како да сме во тунел, без светлина, но како што рече тренерот, напорната работа ве вади од тунелот. Дефинитивно ова е вина сите, на играчите, на раководството, на тренерот, на сите“, додаде легендата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал посакува да го врати Зидан!

Францускиот тренер беше во контакт со „кралскиот клуб“ за евентуално враќање по заминување…