Дома Фудбал Сите и го вртат грбот на Барселона: Никој не помислува да даде толку колку што бараат Каталонците?!

Сите и го вртат грбот на Барселона: Никој не помислува да даде толку колку што бараат Каталонците?!

За Мунир Ел Хадади нема повеќе место во Барселона. Младиот напаѓач не е во плановите на Валверде и клубот одлучи да го продаде ова лето.

Цената која ја посакуваат за Хадади е 20 милиони евра. Меѓутоа, за голем број на клубови оваа сума е преголема и со оглед на тоа дека тимот од „Камп Ноу“ не сака да ја симне цената, екипите креваат раце од обидов да го донесат во своите редови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Постоеше интерес од Италија и Англија. Рома беше најверојатна опција бидејќи бараат токму играч на таа позиција, па Ел Хадади беше опција по Марез и Берарди.

Сепак, со оглед на тоа дека Лестер и Сасуоло ги одбија понудите за своите играчи, Рома има намера да се насочи кон каталонскиот играч. Засега меѓутоа не се подготвени да платат колку што бара Барселона.

Постои опција Мунир да замине на позајмица во некој клуб од Ла Лига. Се споменуваат Депортиво и Лас Палмас, кои посакуваа да го купат овој фудбалер, но Барселона не сакаше да им ја спушти цената.

Изминатата сезона Ел Хадади ја мина на позајмица во Валенсија и во 33 натпревари постигна 6 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…