Дома Фудбал Останато Синиша Михајловиќ поради сериозна болест ја завршува кариерата

Синиша Михајловиќ поради сериозна болест ја завршува кариерата

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ одлучил да ја прекина професионалната тренерска кариера за да се соочи со сериозна болест, тврди „Кориере дело Спорт“.

Српскиот тренер неодамна направил детални леркарски прегледи и докторите го предупредиле дека лекувањето треба да го продолжи со посилен третман.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кориере дело Спорт“ не откри детали за болеста на Михајловиќ, но се пренесува дека поранешниот селектор на Србија ќе се огласи со соопштение или ќе одржи конференција во текот на денешниот ден и ќе ја објасни ситуацијата.

Михајловиќ кон крајот на есента седна на клупата на Болоња на местото на Пипо Инзаги и од тим кој беше помеѓу најсериозните кандидати за испаѓање успеа да ја однесе Болоња до 10-тата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најдобриот европски и светски клуб останува без тренер?

Шпанскиот стратег Луис Енрике разгледува можност за заминување од Пари Сен-Жермен по заврш…