Дома Останати Тенис Синер го победи Медведев и се пласира во полуфиналето на УС Опен

Синер го победи Медведев и се пласира во полуфиналето на УС Опен

ЈАНИК СИНЕР е последниот полуфиналист на УС Опен. Местото меѓу последните четири на турнирот во Њујорк го доби победувајќи со 6:2, 1:6, 6:1, 6:4 против Данило Медведев, победникот на изданието на овој турнир во 2021 година.

На водечкиот тенисер на АТП рангирањето му беа потребни 2 часа и 39 минути за да го совлада некогаш најдобриот, а денеска петти на светската ранг-листа.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Ова беше 13-то соочување меѓу Синер и Медведев. Со победата Италијанецот го намали резултатот на 6:7 во однос на рускиот тенисер. Синер оваа година има биланс од 53 победи и пет порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Урнебесно видео од Ѓоковиќ: Играше сиратки на лента за трчање 🎥

Новак Ѓоковиќ во одлично расположение ќе го дочека настапот за Србија во рамки од Дејвис К…