Дома Фудбал Симеоне не ни помислува на отказ: Не си одам додека не ја освоиме Лигата на шампионите!

Симеоне не ни помислува на отказ: Не си одам додека не ја освоиме Лигата на шампионите!

Атлетико Мадрид имаше шанса да го совлада Баер Леверкузен и да остане во битка за Лига на шампиони (ЛШ), но шпанскиот тим промаши пенал.

Трагичар беше Караско кој прво го промаши пеналот, а потоа еден удар заврши во него и така го спаси противничкиот гол.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По неуспехот во ЛШ почнаа шпекулациите дека ќе си замине Диего Симеоне, но тренерот на Атлетико не мисли да се повлече.

„Ова е тежок момент за сите во тимот. Но, не се откажувам. Додека не ја освојам ЛШ нема да го напуштам клубот“, вели Симеоне.

Атлетико досега играше двапати во финале на ЛШ и двапати загуби од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најважните фудбалери на Шкендија ја заврши сезоната поради повреда

Еден од клучните фудбалери на Шкендија, Решат Рамадани, заработи сериозна повреда на натпр…