Атлетико Мадрид изненади многумина со купувањето на Тома Лемар од Монако за 70 милиони евра лето, пред се поради тоа што Французинот беше толку скапо платен.
„Јорганџиите“ не се познати како клуб кој троши огромни суми, а тоа го истакна и нивниот тренер Диего Симеоне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чоло потенцираше дека тие не се „супермоќен тим“ и дека мораат да бидат креативни во доведувањето засилувања.
„Не сме во можност да платима сума од 150 или 200 милиони евра за некој играч, па мораме да бидеме креативни и да имаме во предвид што ни е потребно за да ги склопиме сите елементи од сложувалката“.
За Аргентинецот тоа значи повеќе работи за стручниот штаб со цел да не се направи грешка при избороот на засилувања.
„Можеби сум на некого досаден, но нова енергија секогаш е потребна. Барам мир, нормлана комуникација, иако сето тоа тешко е да се добие во целина бидејќи одите од едно во друго искушение“.
Атлетико е негов живот, клуб во кој помина 13 години, на два пати како играч и како тренер.
„Тоа се 13 години историја и скоро невозможни успеси“, се потсети Симеоне.
Клучен момент за Симеоне беше првата сезона во Мадрид и Лигата Европа која веднаш ја освои како и онаа 2013/2014 кога ја освои Примера покрај моќните Реал и Барселона.
„Таа сезона сигурно ќе остане запишана во историјата на шпанскиот фудбал“, заврши Аргентинецот.