Атлетико Мадрид во вчерашниот натпревар во рамките од петото коло во Лигата на шампионите стигна до победа против Рома од 2:0.
По натпреврот за победата и начинот на кој успеале да стигнат до истата зборуваше стратегот на „јорганџиите“ Диего Симеоне.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Овој натпревар беше од голема важност за нас. Сметам дека не се разликуваше премногу од првиот во Рим, но овој пат ние ги искористивме нашите шанси. Гризман е фантастичен фудбалер постигна прекрасен погодок со кој натпреварот се отвори. Навивачите исто така многу ни помогнаа, фудбалерите дадоа се од себе на теренот и одиграа со срце. Сметам дека заслужено победивме“, изјави Симеоне.