Поранешниот холандски фудбалер, Кларенс Сидорф се пожали дека тренерите со темна боја на кожата се дискриминирани во светот на фудбалот и ретко имаат прилика да водат некој клуб.
Легендарниот фудбалер на Ајакс, Интер, Реал Мадрид и Милан во овој момент е без клуб, а во интервју за „Газета дело Спорт“ се пожали и дека нема понуди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не постои еднаквост при давањето шанса помеѓу тренерите. Бројките говорат за себе. Не постои тренер црнец на силна позиција во денешниот фудбал“, изјави Сидорф.
Порача и дека од истата причина и Патрик Виера и Тиери Анри немаат успех во тренерската работа.
Човекот кој забележа 87 настапи за репрезентацијата на Холандија тренер стана во 2014 година во Милано и не се прослави. На „Сан Сиро“ се задржа пет месеци, потоа се проба во Кина, Депортиво Ла Коруња и репрезентацијата на Камерун.
„Ги прифатив тие понуда за да докажам дека вредам. Ризикував затоа што немаше други многу понуди. Знам и поради што“, смета Сидорф.