Дома Фудбал Италија Се уште без одлука за мечот Јувентус – Наполи

Се уште без одлука за мечот Јувентус – Наполи

Проблемот со неодиграниот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи во Серија А бара повеќе време за анализа, па поради тоа Дисциплинската комисија не донесе одлука ниту денес.

Членовите на комисијата сакаат дополнителни информации за тоа зошто Наполи не отпатува во Торино, па затоа се одолговлекува со одлуката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јувентус бара три бода и службена победа бидејќи противникот не се појави на терен, а Наполи пак тврди дека добил забрана за патување од регионалните здравствени власти.

Лигата не го одложи натпреварот бидејќи според протоколот Наполи требаше да отпатува во Торино затоа што во тимот има само двајца фудбалери позитивни на Ковид.

Одлука што се очекува да биде донесена до крајот на оваа седмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маркус Рашфорд одлучен да ја продолжи кариерата во Барселона

АНГЛИСКИОТ напаѓач Маркус Рашфорд ја истакна својата желба да ја гради иднината во Барсело…