Дома Трансфер зона Се спремаат големи промени во Јувентус: Шестмина ставени на трансфер листа

Се спремаат големи промени во Јувентус: Шестмина ставени на трансфер листа

Јувентус според информациите на медиумите од Италија ќе направи големи промени ова лето.

Јуве веќе го размени Миралем Пјаниќ за Артур, но Пјаниќ е само еден од играчите на „старата дама“ кој ќе го напуштат клубот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Тутоспорт“ пишува дека екипата ќе ја напуштат Игуаин, Бернардески, Ругани, Кедира, Де Шиљо и Матуиди. Тие би требало да се најдат на трансфер листата или клубот да ги вклучи во потенцијални размени.

Целта на Јувентус е да пронајде играчи кои ќе одговораат на визијата на Маруцио Сари, но и екипата да се подмлади. Проблем се големите плати на ѕвездите на Јувентус, па затоа потешко ќе ги продаде, но клубот ќе направи се да го ослободи буџетот.

Секако, на заминувањата ќе има и доаѓања, Јувентус се поврзува со повеќе имиња, а ќе видиме кои од нив ќе пристигнат во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Деле Али потпишува за нов клуб: Ќе игра во Италија?

Поранешниот репрезентативец на Англија Деле Али во овој момент е без клуб иако сезоната за…