Екипата на Ница беше поразена и во реваншот против екипата на Наполи, а тренерот на францускиот клуб после натпреварот беше исклучително лут на Марио Балотели.
Балотели во првиот натпревар беше повреден, додека во вчерашниот натпревар Италијанецот беше дел од стартниот тим на Ница, но не покажа апсолутно ништо, а тренерот Лусијан Фавр после натпреварот испрати отворени критики кон проблематичниот фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марио Балотели беше отсутен во овој натпревар. Не покажа апсолутно ништо. Моја грешка е што не го заменив порано. Заигравме многу подобро кога во игра влезе момчето за кое веројатно никој не слушнал“, изјави Фавр.
Фавр не застана тука.
„Посилни се, тоа е јас. Беше јасно уште од ждрепката. Но кога еден или двајца фудбалери не прават ништо на теренот, апсолутно е невозмжно да победите во било кој натпревар“, изјави Фавр.