Поранешниот фудбалер на Барселона, Хефрен Саурез, повторно пронајде нов ангажман.
Хефрен некогаш беше голема надеж на Барселона, а со сигурност најмногу запаметен ќе остане по погодокот против Реал Мадрид во натпреварот во кој Барселона победи со 5:0 на „Ноу Кам“. Меѓутоa потоа овој фудбалер не се снајде најдобро во Барселона, па во 2011 година премина во Спортинг Лисабон.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
29 годишниот напаѓач во Спортинг се задржа три сезони, а потоа се врати во Шпанија во дресот на Ваљадолид каде што помина само една сезона. Претходните две сезони настапуваше за Еупен, а ова лето повторно го промени клубот.
Имено, Хефрен, од наредната сезона ќе настапува за Грасхоперс, клуб со кој потпиша договор на две години. Многумина веруваа дека пред него е голема кариера, но Хефрен не ги оправда очекувањата.