Баерн Минхен во текот на минатата недела се раздели со тренерот Нико Ковач, откако доживеаа дебакл од Ајнтрахт Франкфурт со 1-5.
Во претходните денови се поврзуваат многу тренери со тренерското столче во Минхен, а наводно најблиску беше Арсен Венгер, додека по него се Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Германските медиуми објавија уште една интересна вест. Наводно, клубот има дури опција за нов тренер да го ангажира нивниот поранешен фудбалер, Марк Ван Бомел.
Ван Бомел во моментов го тренира ПСВ, а има договор со екипата до 2021 година. Сепак, „Билд“ пишува дека холандскиот стратег ќе добие дозвола да го тренира Баерн доколку тие испратат понуда до ПСВ.