Пред неколку дена се појави информацијата дека голманот на Јувентус, Војчех Шчесни е блиску кариерата да ја продолжи во Ал Наср и повторно да ја дели соблекувалната со Кристијано Роналдо.
Но, сега според италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романо се појавил проблем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не се открива каков проблем се појавил, но се наведува дека тоа се случило кога двете страни веќе биле во напредна фаза од преговорите.
Набрзо би требало да пристигне информација дали ќе пропадне комплетната зделка или пак ќе се пронајде решение.
Намерата на Јувентус е нивни прв голман да биде Ди Грегорио кој пристигнува од Монца каде што во изминатата сезона беше избран за најдобар голман во најсилната италијанска конкуренција.