Кариерата на Диего Рибас е една од оние со многу осцилации.
Порто прв го донесе во Европа, а две години подоцна замина во Вердер Бремен каде го играше најдобриот фудбал. Од Бремен се пресели во Торино, Јувентус за неговиот трансфер плати 27 милиони евра, сума која во 2009 година беше и тоа како голема.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се шпекулираше дека ќе ја преземе легендарната „десетка“, наместо тоа една сезона подоцна беше продаден на Волфсбург, каде што повторно почна да игра добар фудбал.
Следуваше трансфер во Атлетико, за „јорганџиите“ исто така знаеше да одигра по некој добар натпревар, но не беше повеќе „стариот“ Диего.. Сите се сеќаваме на голот во сезоната 2013/2014, голот во четврт-финалето против Барселона. По Атлетико замина во Фенербахче, а во последните години од кариерата играше за Фламенго во Бразил.
Сега има 37 години и ќе се збогува од фудбалот на 13 ноември кога ќе заврши бразилското првенство.