Дома Топ вести Се огласи Тебас: Барселона не може да биде исфрлена во втора лига за скандалот со потпретседателот на Судиската комисија

Се огласи Тебас: Барселона не може да биде исфрлена во втора лига за скандалот со потпретседателот на Судиската комисија

Екипата на Барселона беше во центарот на вниманието откако вчера се појавија информација дека го плаќале поранешниот потпретседател на Судиската комисија.

Објавите на медиумите беа дека Барселона во период од 2016 до 2018 година исплатила 1.4 милиони евра на потпретседателот на Судиската комисија на Ла Лига, секако се алудираше дека тие пари биле со цел Каталонците да добијат „ветер во грб“ од арбитрите.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Веднаш се шпекулираше за можна казна со одземање на бодови, па дури и исфрлање во втора лига, сепак таквите најави веќе денес ги демантираше првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас.

„Невозможно е Барселона да добие спортска казна, последната исплата била во 2018 година, сега сме 2023 година, а секое дело застарува за три години.

Друга работа е ако обвинителството побара Барселона кривично да одговара за корупција помеѓу два правни субјекти. Но, да почекаме да видиме каков ќе биде одговорот. Од етичка гледа точка, вакви работи во нашиот фудбал не може да се случуваат“, изјави Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неговите солзи го освоија светот, радост и тага во исто време (видео)

Солзите на асистентот на Пари Сен-Жермен, Рафаел Пол, широко се споделија низ интернетот п…