Дома Фудбал Италија Се огласи Погба: Ми одзедоа се што имав изградено во мојата кариера

Се огласи Погба: Ми одзедоа се што имав изградено во мојата кариера

Италијанскиот антидопинг трибунал денеска го суспендираше Пол Погба на четири години поради користење недозволени супстанци.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На почетокот на новата сезона Погба беше позитивен на естостерот и тоа беше утврдено од анти-допинг агенцијата по мечот на кој настапи против Удинезе. Позитивен беше и вториот контролен тест, па затоа и беше јасно дека Погба нема да помине добро на суд.

Французинот демантираше дека свесно или намерно користел допинг и најави жалба на одлуката.

„Денеска бев информиран за одлуката на Трибуналот и мислам дека е неправедна. Тажен сум и шокиран. Срцето му е скршеното бидејќи ми е одземено се што изградив во професионалната кариера. Кога ќе бидам ослободен од законските ограничувања, целата приказна ќе стане јасна. Никогаш свесно или намерно не сум земал додатоци кои ги прекршуваат прописите. Како професионален спортист никогаш не би направил ништо незаконско за да ги подобрам перформансите. Никогаш не сум омаловажувал, ниту сум измамил колеги спортисти или навивачи на ниеден тим. Ќе поднесам жалба до Судот за спортска арбитража“, истакна Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Симеоне има 180 станови и седум згради во центарот на Мадрид

Додека од Диего Симеоне (56) на теренот секоја сезона се очекува да ја измисли повторно иг…