Денес на гала вечерта во Монако на која беа извлечени групите за новата сезона Лука Модриќ беше избран за најдобар играч во Европа.
Во конкуренција за престижната награда беа Салах, Роналдо и Модриќ, на крајот победи Хрватот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Роналдо не присуствуваше, многумина сметаат дека причината е тоа што знаел дека наградата ќе заврши кај неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, сепак Италијанците пишуваат за други две верзии.
По завршувањето на церемонијата со бурна изјава во јавноста настапи агентот на Португалецот, Жорж Мендеш.
„Фудбалот се дели на четири дела, а Роналдо е најдобар. Постигна 15 голови во Лигата на шампионите, го предводеше Реал до титула во Лигата на шампионите. Ова е смешно, вистински срам. Не сакам да бидам сфатен погрешно, Модриќ е најдобриот на својата позиција, но наградата мораше да заврши кај Роналдо“, гласела изјавата на Мендеш за медиумот „Рекорд“.