Дома Трансфер зона Се огласи Бејл: Можеби ќе останам, а можеби не!

Се огласи Бејл: Можеби ќе останам, а можеби не!

Иднината на Герет Бејл во Реал Мадрид се уште е „жешка“ тема, па шпанските медиуми тврдат дека ова лето Велшанецот може да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Од друга страна со заминувањето на Кристиано Роналдо тешко е да се замисли дека „кралевите“ ќе се разделат со уште една голема ѕвезда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Самиот Бејл е незадоволен од минутажата, но после заминувањето на Зидан и Роналдо за него ќе се отвори поголем простор, па самиот тврди дека нема се уште донесено конечна одлука.

„Можеби ќе останам во Реал Мадрид, а можеби и не. Треба да зборувам со мојот агент и да одлучам. Имам потреба од поголема минутажа. Бев фрустриран што не бев стартер во финалето на Лигата на шампиони“, изјави Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Наполи ја одреди цената за Кварацхелија и ја разочара Барселона

Уште од шампионската сезона на Наполи се шпекулира за иднината на Квича Кварацхелија, но т…