Во текот на денешниот ден од Италија пристигна информација дека Паоло Дибала е блиску до преслеба во Интер, сепак агентот на играчот Хорхе Антун демантираше дека неговиот клиент донел одлука каде да продолжи.
Засега е јасно дека Дибала после 30. јуни ќе стане слободен играч и после седум години ќе го напушти Јувентус, но договор со некој друг клуб во овој момент. Агентот на Дибала во прв фокус го става продолжувањето на сезоната во која Јувентус го очекува и финале против Интер во Купот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Во овој момент ниту еден договор не е постигнат со клуб од Италија или од странство“, изјави Антун.
Дибала сезонава под водство на Алегри имаше проблеми со повреди, но кога и да беше на теренот ја покажуваше својата класа. Во сите натпреварувања Дибала оваа сезона 14 гола и шест асистенции.