Семејството на талентираниот голман од редовите на Милан е исфрустрирано од однесувањето на суперагентот.
Ова лето Мино Раиола и Џанлуиџи Донарума направија вистински хаос во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот суперагент од управата на Милан бараше голем договор за својот клиент, првата понуда на „росонерите“ беше одбиена, а токму поради тоа во тие моменти фановите на Милан, Донарума го нарекуваа „предавник“.
На Европското првенство за млади кон Донарума беа фрлани лажни пари, а на крајот Раиола и младиот голман попуштија, Донарума остана верен на Милан и потпиша нов повеќегодишен договор.
Раиола не беше задоволен од таквиот епилог, тој не верува во проектот кој управата на Милан се обидува да го спроведе на дело, а тоа повеќе пати го кажа и јавно.
Поради тоа тој веројатно ќе се обиде да пронајде нов начин да го убедува Донарума, а на семејството на голманот воопшто не му се допаѓа однесувањето на Раиола во јавноста.
Сепак, родителите на Донарума го почитуваат тоа што Раиола во прв план ја става кариерата на нивниот син, но би биле многу повеќе среќни доколку познатиот агент помалку зборува за Милан во негативен контекс.
Нивната соработка без сомневање ќе продолжи, Раиола успеа да го убеди италијанскиот гигант да го ангажира и нивниот постар син Антониј, но веројатно светски познатиот агент во иднина ќе мора да размисли што зборува во јавноста за клубот во кој настапуваат двајцата браќа.