Дома Топ вести Се игра мадридското дерби, а од Франција тврдат: Гризман се договори со Реал!

Се игра мадридското дерби, а од Франција тврдат: Гризман се договори со Реал!

Веќе подолго време во медиумите се шпекулира за тоа каде Антоан Гризман ќе ја продолжи кариерата, а денес „Екип“ објави шокантна верзија.

Баш на денот кога се игра големото мадридско дерби помеѓу Реал и Атлетико, еминентниот француски весник тврди дека Французинот е во тајни преговори со актуелниот европски шампион.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Гризман во Реал, таен план“, стои на насловната страна на „Екип“.

Наводно, Реал планира да го обезбеди потписот на ѕвездата на Атлетико на лето во 2018 година. Гризман неодамна изјави дека е уморен од шпекулации за неговата иднина, но сега тие пристигнуваат од еден од најеминентните медиуми.

Ерик Олат, скаут и долгогодишен советник на Гризман потврди во медиумите дека меѓу заинтересираните клубови е и Реал Мадрид.

„Челзи, Манчестер Сити, Барселона и Реал Мадрид веќе се распрашуваа каква е ситуацијата околу Гризман. Сите сакаат да знаат дали е достапен“, изјави Олат.

Откупната клаузула во договорот на Гризман изнесува 100 милиони евра, па доколку играчот се договори со некој клуб, тогаш Атлетико ќе биде немоќен да го стопира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…