Не помина ниту еден час од моментот кога „Скај Спорт“ ја објави веста за Диего Годин, а веќе добивме експресен одговор од Мадрид.
Диего Годин го одби Манчестер Јунајтед и платата која му била понудена во износ од девет милиони евра годишно!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Целата приказана траеше таман толку колку навивачите на Јунајтед да се понадеваат, посебно што се работеше за супер квалитетен стопер кој може да го добијат по цена од 20 милиони евра, толку изнесуваше неговата откупна клазула.
Меѓутоа одговорот на Годин на нивна жалост беше негативен.
Мурињо утрово изјави дека колку што тој знае, нови засилувања нема да има и се изгледа ќе остане на тоа.
Се заврши практично уште пред да почне.
BREAKING: Atletico Madrid reject Manchester United's approach for defender Diego Godin, according to Sky sources.
More in our transfer blog: https://t.co/DgRSx4Voew pic.twitter.com/BTQgMY7Vuj
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 9, 2018