Дома Топ вести СЕ Е СПРЕМНО ЗА ПОТПИС: Икарди станува најплатен во Италија, клаузула од 180 милиони

СЕ Е СПРЕМНО ЗА ПОТПИС: Икарди станува најплатен во Италија, клаузула од 180 милиони

Иднината на Мауро Икарди е главна тема во Италија веќе подолго време, а најновите информации од Апенините тврдат дека Аргентинецот наскоро ќе потпише нов договор.

Имено, Икарди во договорот со Интер има откупна клаузула од 110 милиони евра, а неколку европски гиганти се спремни да ја платат таа сума.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради тоа „нероаѕурите“ сакаат што е можно побрзо да потпишат нов договор со голгетерот во кој ќе има многу поголема клаузула.

Неговата сопруга и менаџер Ванда Нара бараше значително зголемување на платата, а најновите информации од Италија велат дека Интер ќе ги задоволи барањата на напаѓачот.

Имено, двете страни веќе постигнале комплетен договор и истиот ќе биде потпишан во наредните денови.

Според новиот договор Икарди ќе заработува 7,5 милиони евра, и ќе биде најплатен фудбалер во Серија А заедно со Игуаин и Дибала.

Притоа, во новиот договор ќе има откупна клаузула од 180 милиони евра, што ќе им гарантира на „нероаѕурите“ да се чувствуваат безбедни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…