Дома Фудбал Англија Се е спремно за големо враќање: Лампард и Чех повторно во Челзи!

Се е спремно за големо враќање: Лампард и Чех повторно во Челзи!

Легендата на Челзи, Френк Лампард ќе го наследи Мурицио Сари на клупата на лондонскиот клуб, пренесуваат медиумите на Островот.

Раководството на клубот смета дека Лампард ќе биде вистинското решение за клубот од „Стенфорд Бриџ“, особено по добрите резултати што тој ги постигна изминатава сезона како тренер на Дерби Каунти.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Лампард со Дерби успеа да стигне до финалниот плеј-ф за влез во Премиер лигата, каде што беше поразен од Астон Вила.

Лондонскиот клуб смета дека нивната поранешна легенда успешно ќе ги води „сините“ во следната сезона, но по се изгледа Лампард нема да биде единствениот од златната генерација кои се враќаат на „Стенфорд Бриџ“. Поранешниот легендарен голман и икона на Челзи, Петр Чех се враќа во улога на спортски директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aрбелоа без седумина против Сити: Отпадна уште еден стандарден првотимец!

Реал Мадрид се соочува со големи проблеми пред натпреварите со Манчестер Сити. Најновиот п…