Манчестер Сити денес не дозволи да се случи чудо и убедлива победа против Брајтон (4:1) ја одбрани титулата во Премиер лигата.
Не изгледаше дека Манчестер Сити нема да има проблеми затоа што Брајтон во 27-та минута ги шокираше „граѓаните“ и погоди за водство, додека Ливерпул во тие моменти имаше предност против Брајтон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа само 83 секунди после тој гол на Брајтон, Агуеро погодува за изедначување, а десетина минути доцона Емерик Лапорт носи водство за машинеријата на Пеп. Од тој момент се изгледаше многу полесно за „граѓаните“.
Во второто полувреме Сити играше мирно ја држеше топката и чекаше шанса. Дека тие ќе бидат старо-новиот шампион на Англија стана јасно кога Ријад Марез после еден дриблинг погоди за 1:3 во 63-тата минута.
До крајот видовме уште еден мајсторски гол на Илкај Гундоган за покер во мрежата на домаќинот.
Ливерпул го совлада Вулверхемптон со 2:0, но поради победата на Сити Ливерпул и покрај 97-те бодови кои ги освои ќе мора да се задоволи со втората позиција.
ПРЕМИЕР ЛИГА РЕЗУЛТАТИ 38 КОЛО:
Брајтон – Манчестер Сити 1:4
Барнли – Арсенал 1:2
Кристал Палас – Брајтон 5:3
Фулам – Њукасл 0:4
Лестер -Челзи 0:0
Ливерпул – Вулвс 2:0
Манчестер Јунајтед – Кардиф 0:2
Саутемптон – Хадерсфилд 1:1
Тотенхем – Евертон 2:2
Вотфорд – Вест Хам 1:4